Posts

Америнкански природни права

         Америнкански природни права Американскиот народ , или онака како што милуваат американците да кажат „поединците“ природните права или правата дадени од бог, кои што никој не смее да им ги одземе или повреди се правото на живот , правото на слобода и правото на сопственост, надополнети со маестралното дело на Џон Лок „Писмо за толеранцијата“ кое што одлично се вклопува во замислата за разбирањето на природните права, односно укажува на тоа дека без разлика на нашите физички, религиозни, етнички и останати различности ќе имаме еднаков почеток, но не и еднаков аутфит бидејќи изедначувањето на аутфитот од страна на државата, во суштина значи одземање на сопственоста и нејзино делегеирање кон одреден друг индивудалец или група на луѓе. Секое присвојување на дел од овие права без разлика потоа дали ќе бидат делегирани за добра или лоша цел, американскиот народ ја смета за повреда на природните права, бидејќи е насилно земена и без нивна консултација и од...

Македонска патриотска „гордост“

Македонска патриотска „гордост“ Денеска Северна Македонија , до пред извесно време Република Македонија. Името е променето , но настаните, фактите, случувањата во изминаните 30 години од кога сме самостојна држава се онакви какви што биле и какви што се. Ќе направам еден кус осврт на настаните кои повеќе или помалку ја одбележаа 30 годишната самостојност на државава на која што сме повеќе или помалку горди. Ќе започнам со процесот на приватизација кој беше неизбежен во сите земји каде што се доживеа пропаст на социјализмот и преод во ново општество : капитализам надополнето со демократија. Приватизацијата во сите држави се одвиваше повеќе или помалку матно, но јас навистина сум горд на тоа што ние бевме шампиони на Европа(во финалето убедливо ја совладавме Србија) во криминално приватизирање и нашите „директори во СФРЈ“ станаа најбогати луѓе преку ноќ, на легален начин да нема забуни , цели фабрики, земјишта, фирми, се купуваа за 1 денар квадрат. Но добро помина приватизцијата...

Државен испит за студентите или филм за оскар

                   Државен испит за студентите или филм за оскар Еве, моментално лежам во кревет со лап топот, слушам од надвор некој вресоци, свирежи па излегов на прозор, онака, да видам што се случува (она македонското, да фаќам сеир де). Гледам река од студенти кои се охрабриле да протестираат. Млади луѓе со индекси во рака си ги бараат правата, всушност бараат едно право, да се отфрли предлог законот за полагање на државен испит, а не повеќе, но добро ветерот се посилно дуваше така што ја расчисти долгогодишната магла, а се надевам на крајот сосема ќе ја снема, добро е, има надеж. Па си велам зошто кога имаме успешна државна матура, екстерно тестирање, во средно образование, да нема и државен испит за студентите, впрочем присетувајќи се кога полагав државна матура. Професорот едно време заборави дека е тестатор (ноќен чувар) па си придрема на клупата, туку едно време се разбуди па застан...

Каде беше цивилното општество и каде оди ? - прв дел

Каде беше цивилното општество и каде оди ?   прв дел Катастрофалните политики во однос на цивилното општество од пред 50 години уште се чуствуваат и ќе се чуствуваат во наредните декади. Самиот термин цивилно општество асоцира на луѓе кои се цивилизирани , кои што се општествено, социјално , индивидуално прониканти. Лесно е да се создаде граѓанско општество, кога тоа е создадено од оние кои што го имаат папирот граѓани на одредена земја па тука влегува и монструмот Брејвик, и тој е дел од граѓанското општество во Норвешка. Тешкотијата се состои во тоа да се создаде општество , во чиј центар се наоѓа напредната цивилизација како стожер на заедницата која ја склучиле луѓето во меѓусебен преќутен договор. Граѓанското општество кое преовладува во бившите социјалистички држави било комплетно уништено , а за негова реобнова и премни кон цивилно општество ќе помине долг период. Вината секако неможе да се препише целосно на самите луѓе бидејќи после долгогодишните војни конечно сакал...