Posts

Showing posts from March, 2019

Македонска патриотска „гордост“

Македонска патриотска „гордост“ Денеска Северна Македонија , до пред извесно време Република Македонија. Името е променето , но настаните, фактите, случувањата во изминаните 30 години од кога сме самостојна држава се онакви какви што биле и какви што се. Ќе направам еден кус осврт на настаните кои повеќе или помалку ја одбележаа 30 годишната самостојност на државава на која што сме повеќе или помалку горди. Ќе започнам со процесот на приватизација кој беше неизбежен во сите земји каде што се доживеа пропаст на социјализмот и преод во ново општество : капитализам надополнето со демократија. Приватизацијата во сите држави се одвиваше повеќе или помалку матно, но јас навистина сум горд на тоа што ние бевме шампиони на Европа(во финалето убедливо ја совладавме Србија) во криминално приватизирање и нашите „директори во СФРЈ“ станаа најбогати луѓе преку ноќ, на легален начин да нема забуни , цели фабрики, земјишта, фирми, се купуваа за 1 денар квадрат. Но добро помина приватизцијата...