Државен испит за студентите или филм за оскар
Државен испит за студентите или филм за оскар Еве, моментално лежам во кревет со лап топот, слушам од надвор некој вресоци, свирежи па излегов на прозор, онака, да видам што се случува (она македонското, да фаќам сеир де). Гледам река од студенти кои се охрабриле да протестираат. Млади луѓе со индекси во рака си ги бараат правата, всушност бараат едно право, да се отфрли предлог законот за полагање на државен испит, а не повеќе, но добро ветерот се посилно дуваше така што ја расчисти долгогодишната магла, а се надевам на крајот сосема ќе ја снема, добро е, има надеж. Па си велам зошто кога имаме успешна државна матура, екстерно тестирање, во средно образование, да нема и државен испит за студентите, впрочем присетувајќи се кога полагав државна матура. Професорот едно време заборави дека е тестатор (ноќен чувар) па си придрема на клупата, туку едно време се разбуди па застан...