Државен испит за студентите или филм за оскар
Државен испит за студентите или филм за оскар
Еве, моментално лежам во
кревет со лап топот, слушам од надвор некој вресоци, свирежи па излегов на
прозор, онака, да видам што се случува (она македонското, да фаќам сеир де).
Гледам река од студенти кои се охрабриле да протестираат. Млади луѓе со индекси
во рака си ги бараат правата, всушност бараат едно право, да се отфрли предлог
законот за полагање на државен испит, а не повеќе, но добро ветерот се посилно
дуваше така што ја расчисти долгогодишната магла, а се надевам на крајот сосема
ќе ја снема, добро е, има надеж. Па си велам зошто кога имаме успешна државна
матура, екстерно тестирање, во средно образование, да нема и државен испит за
студентите, впрочем присетувајќи се кога полагав државна матура. Професорот
едно време заборави дека е тестатор (ноќен чувар) па си придрема на клупата,
туку едно време се разбуди па застана до вратата да види дали шефот ќе дојде да
го провери, арно ама и шефот заборавил дека постојат повеќе спратови па така
третиот го заборави – луѓе сме грешиме. Но затоа пак екстерното тестирање во
средното образование е полн погодок, па така на некои ученици им се паѓаа
прашања од минатите години, но добро затоа тука беше тестаторот за да ни
помогне, ако нешто не ни е јасно да го прашаме тој до нас, зад нас, пред нас.
Секоја држава си има свој специфичности, па така нас ни припадна привилегијата
некој од учениците во своето сведителство да имаат и оценка 1
(незадоволително), добро де мала контрадикција. Следниот ден на вести
Министерот за образование гордо вели дека Државната матура и Екстерното
тестирање се успешно спроведени, а по неколку дена соопштува и среден просек за
Екстерното, а со единица во сведителство ни со научна фантастика неможе да се
израчуна среден просек. Е сега на списокот дојде и Државен испит за студентите,
си велам покрај толку успешни реформи во образованието, гледајќи ги годините
наназад, во ова немам никакви дилеми дека ќе биде успешно спроведено барем на
хартија, хартијата е најважна, нели? Теоријата секогаш била поважна од
праксата. Се тргам од прозорот и си велам, дали е ова ветерот што ќе ја
расчисти долгогодишната густа магла или само нова приказна од која може да се
изрежира новиот „Lord of the rings“. Како и да е, има
надеж.
Игор Киприновски: Студент на политички студии
Comments
Post a Comment