Републикански камбек - но без Трамп !
Републикански камбек - но без Трамп !
Американците ги очекуваат нови избори на 8 ноември , на кои ќе се одбира нов претставнички дом а и со самото тоа и нов спикер на претставничкиот дом , претставничкиот дом ќе добие нови 435 претставници кои ќе го раководат домот во следните 2 години. Покрај претставничкииот дом, ќе се избираат и 1/3 од сенаторскиот дом, односно вкунпо ќе се избираат 35 сенатори(обично се избираат 34 но овој пат ќе се избира уште едно сенаторско место, поаради оставката на републиканскиот сенатор Џим Инхофе од Оклахома) Американците овие избори пополурано ги нарекуваат “проверка на рејтингот и политиките на администрацијата на претседателот на САД” овие избори секогаш се оддржуваат на половина од траењето на мандатот на претседателот на САД, а воедно и даваат првична слика во кој правец би можеле да се движат следните претседателски избори во САД.
Овие избори во САД нема да наликуваат на предминатогодишните избори , излезеноста ќе биде далеку намалена од неколку причини, првата е тоа што традиционално и статистички гледано секогаш на “mid – term election” излезеноста е помала во споредба со претседателски избори кои се оддржуваат заедно со изборите за претставничкиот дом и изборите за 1/3 од сенатот. Втората причина е тоа што на овие избори барем во преден план нема да биде поранешниот претседател на САД – Доналд Трамп, кој беше еден од главните виновници за историски најголемата излезеност на изборите во САД кои се оддржаа во 2020 година. На изборите во 2020 година голем дел од гласачите кои го поддржаа тогашниот кандидат за претседател а денеска претседател на САД – Џо Бајден, гласаа многу повеќе против политиките на претседателот Трамп отколку за поддршка на сегашниот претседател на САД – Џо Бајден. Претседателот Бајден никогаш немаше да ги добие историските 81 милиони гласови и 306 електорати доколку противник од другата страна беше некој друг кандидат а не поранешниот претседател Трамп, можеби и прашање ќе беше дали Џо Бајден воопшто ќе ги добиеше изборите доколку од другата страна противник му беше некоја друга личност од републиканската партија. Како и да е на овие избори нема барем директно да учествуваат ниту претседателот Бајден ниту поранешниот претседател Трамп, но и тоа како овие избори ќе бидат важни за популарниот американски систем наречен “check and balance”.
Моменталниот распоред на силите во сенатот е 50-50 во мандати со тоа што иако е 50-50 мнозниството е во рацете на демократите бидејќи кога распоредот на силите во сенатот е еднаков , само тогаш и во тој случај претседавачот на сенатот а тоа е потпретседателот на САД Камала Харис има право на глас кои одлучува така што секогаш кога е 50-50 , претседавачот на сенатот има право на глас со кој што се одлучува. Демократите тргнуваат од позиција каде што треба да одбранат 14 сенаторски места а републиканците да одбранат 21 републиканско место, односно се бираат сенатори во држави каде што моментално 14 сенатори се од демократската партија а 21 од републиканскат партија.
Се очекува сигурна победа на демократите во следниве држави : Калифорнија, Колорадо, Конектикат, Хаваи, Илиноис, Мериленд, Њу Јорк, Орегон, Вермонт и Вашингтон.
Републиканците очекуваат сигруна победа во следниве држави : Алабама, Аљаска, Арканзас, Ајдахо, Индиана, Ајова, Канзас, Кентаки , Луизиана, Мизури, Северна Дакота, Оклахома (2) ,Охајо, Јужна Каролина, Јужна Дакота, Јута.
Овие држави се прилично сигурни и однапред заклучени. Државите во кои што ќе се води битка за сенаторските места кои впрочем ќе одлучат кој ќе го има мнозинството во сенатот се следниве : Аризона, Џорџија, Флорида, Северна Каролина, Невада, Њу Хемпшир, Пенсилванија и Висконсин
Во принцип овие 8 држави ќе одлучат кои ќе го имаат мнозинството во Сенатот, на демократите ќе им треба победа во минимум во 4 од овие држави доколку сакаат да го задржат мноизнстовото во сенатот додека на републиканците ќе им требаат минимум 5 победи доколку сакаат да го освојат мнозинството во сенатот.
Аризона – На последните претседателски избори во 2020 година победата ја однесе претседателот Џо Бајден со нешто повеќе од 10 000 гласови, но пред се заради високата излезеност , која што нема да се повтори , на изборите во Аризона во 2016 година, поранешниот кандидат за претседател на САД Џон Мекејн , победи речиси со 300 000 гласови разлика, Аризона во последните 10 години гласа во главно за републиканските кандидати, така што овој пат не се очекува изненадување во расположението на гласачите, како на минатите претседателски избори.
Џорџија – Рафаел Ворнок беше избран за сентор на крилата на претседателот на САД - Џо Бајден, Џорџија беше една од клучните држави за победа на предминатогодишните избори, Џорџија традиционално галса републикански, но овој пат повторно ќе биде многу тесно само заради тоа што против кандидат е поранешната НФЛ ѕзвезда Хершел Вокер, Вокер е познат по своите непопуларни конзервативни ставови за 21 век, но и покрај тоа би имал поголеми шанси доколку јавно не беше поддржан од поранешниот претседател Трамп, бидејќи се помалку американци посебно во Џорџија, сакаат да се идентификуваат со политиките на поранешниот претседател Трамп. Се очекува тесна победа на кандидатот на демократите.
Флордиа – И овој пат Флорида ќе биде една од најинтересните држави за следење, републиканците ќе истрчаат со познат кадар во јавноста односно со сенаторот Маркo Рубио. Флорида е држава која секогаш го одлучувала победникот на изборите обично се вели кој победил во Флорида тој е претседател на САД. (Исклучок беа последние избори за претседател на САД). На Флорида особено значаен фактор игра латино населението, кое е во огромен дел, имајќи ја предвид кампањата која што ја водеше Трамп кон латино населението а која му донесе огромен број на гласови , а и самиот Рубио кој потекнува патем од кубанско население (кое му носи предност бидејќи латино гласачите се идентификуваат со него) му носи огромна предност на изборите и се очекува негова победа.
Северна Каролина - Во Северна Каролина се очекува победа на Републиканскиот кандидат, имајќи ја предвид ниската излезеност, се очекува Републиканците да однесат победат.
Невада – Невада е држава која од избори до избори гласачкото расположение се менува, многу мали маргини во гласови обично го одлулуваат победникот во Невада. Во Невада навистина ќе биде многу многу тесно така што е навистина многу тешко кој ќе ја однесе победата.
Њу Хемпшир – И покрај победата од само 1000 гласови разлика на изборите за сенатор во 2016 година, се очекува повторно сенаторката Меги Хасан да ја однесе победата, пред се поради добриот рејтинг кој што демократиет успеаа да го наментнат во изминатите години.
Пенсилванија - Мехмет Оз е кандидатот на републиканскат партија, интересно за Оз е тоа што тој е првиот муслиман сенатор предложен воопшто од страна на републиканците, Оз е познат по неговите цврсти ставови кои што се однесуваат на забраната на користење на марихуната како и за воведување на смртната казна во случај на користење на фетанол. Оз прилично ги ограничи неговите маневарски потези бидејќи ја ограничи можноста за добивање на поголем број на гласови од различни групи и заедници. Религијата поврзана со тврди ставови, во комбинација со конзервативна партија е опасна политичка игра, која што може кобно да заврши за Оз. Затоа предвидувам победа на Демократите.
Висконсин – Мала предност му се дава на сегашниот сенатор Рон Џонсон кој што по трет пат ќе трча по сенаторската позиција.
Во секој случај не очекуваат тесни избори на кои што републиканците ќе се обидат да направат кам-бек, на кој што им се дава мала предност на републиканците, но еден од главните адути за да го добијат сенаторското мнозинство а и впрочем за да создадат стабилна подлога за изборите за претседател на САД во 2024 година треба да биде дистанцирање од ликот и делото на поранешниот претседател Доналд Трамп, како што тоа го направи поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс кој во одговор на новинарско прашање одговори цитирам - “Би преферирал да гласам за друг кандидат”
Американците никогаш нема да му простат на поранешниот претседател Трамп за потикнувањето на нередите кои што се случија во капитол хил каде што неколку лица го загубија својот живот и каде што беше повредено нивното неприкосновено право – правото на слободен избор и правото на долго негуваната демократија. Апсолутната слобода да се одбере кој ќе биде следниот владетел, секогаш го носи проблемот со себе “од слобода до тиранија” Американскиот народ нема проблем да се носи и да ги проголта политиките на поранешниот претседател Трамп, но никогаш нема да му го прости капитол хил. Трамп погреши и го направи она што никој досега не го направил во историјата на САД, удри по слободата на американците да го одберат нивниот следен владетел.
И секако прашањето кое го мачи просечниот македонец – која американска власт на Македонија повеќе и одговара, често може да се чуе низ чаршиските разговори, може да се прочита по социјалните мреши и да се чуе од мастермајндите по теории на заговор дека на Македонија и одговара републиканска власт бидејќи Клинтонови ни ја киднапирале државата.
Да ви одговорам – Американската политика кон Македонија не зависи ниту од републиканци ниту од демократи, надворешната политика на Америка кон Македонија нема никаква врска со внатрешната администрација во САД. Односот на надворешната американска дипломатија се крои со децении и не е зависна од промена на внатрешна власт во Америка. Наративот кој што САД го користи и во пишана форма и во практична форма е стабилен кон нас и не се менува со менувањето на власта во САД.
Во секој случај не очекуваат интересни избори на кои што републиканците сигурно ќе го подобрат својот резултат и ќе атакуваат на мнозниство во сенатот и претставничкиот дом, а за резултатите во претставничкиот дом во следниот текст.
Comments
Post a Comment