Каде беше цивилното општество и каде оди ? - прв дел
Каде беше цивилното општество и каде оди ? прв дел Катастрофалните политики во однос на цивилното општество од пред 50 години уште се чуствуваат и ќе се чуствуваат во наредните декади. Самиот термин цивилно општество асоцира на луѓе кои се цивилизирани , кои што се општествено, социјално , индивидуално прониканти. Лесно е да се создаде граѓанско општество, кога тоа е создадено од оние кои што го имаат папирот граѓани на одредена земја па тука влегува и монструмот Брејвик, и тој е дел од граѓанското општество во Норвешка. Тешкотијата се состои во тоа да се создаде општество , во чиј центар се наоѓа напредната цивилизација како стожер на заедницата која ја склучиле луѓето во меѓусебен преќутен договор. Граѓанското општество кое преовладува во бившите социјалистички држави било комплетно уништено , а за негова реобнова и премни кон цивилно општество ќе помине долг период. Вината секако неможе да се препише целосно на самите луѓе бидејќи после долгогодишните војни конечно сакал...