Македонска патриотска „гордост“
Македонска
патриотска „гордост“
Денеска Северна Македонија , до
пред извесно време Република Македонија. Името е променето , но настаните,
фактите, случувањата во изминаните 30 години од кога сме самостојна држава се
онакви какви што биле и какви што се. Ќе направам еден кус осврт на настаните
кои повеќе или помалку ја одбележаа 30 годишната самостојност на државава на
која што сме повеќе или помалку горди. Ќе започнам со процесот на приватизација
кој беше неизбежен во сите земји каде што се доживеа пропаст на социјализмот и
преод во ново општество :
капитализам надополнето со демократија. Приватизацијата во сите држави се
одвиваше повеќе или помалку матно, но јас навистина сум горд на тоа што ние
бевме шампиони на Европа(во финалето убедливо ја совладавме Србија) во
криминално приватизирање и нашите „директори во СФРЈ“ станаа најбогати луѓе
преку ноќ, на легален начин да нема забуни , цели фабрики, земјишта, фирми, се
купуваа за 1 денар квадрат. Но добро помина приватизцијата.Уште една
карактерисистика на која што сум исклучително горд , а тоа е 40 % невработеност
кон крајот на 1996 година. Понатаму во периодот од 1998 до 2001 година, бевме
држава со убедливо највисока сива економија во регионот (горд сум по 3 пат). Во
меѓувреме горд ме направи и признавањето на Тајван и соработката со нив за
сметка на Кина. Горд сум исто така и спремен со пушка да ја бранам државава е
исто така фактот што поради патриотски причини околу 500 000 (шпекулација,
попис поради оправдани причини нема) граѓани си заминиаа од државава. Па така
во Австралија се случи најмасовниот протест поддржан од десетиции илјади
граѓрани (просечна возраст - диносауруси) за одбрана на библиското име на
Државава.
Горд сум на состојбата на ДРЖАВНИТЕ болници и клиники, каде што има по 1 доктор на 10 пациенти сместени во 10 метри квадратни по еден метар за секого - рамноправна распределба. Горд сум на тоа што анестесиолози со шише лозова одат на работа , и за време на работа си цугаат од нејзе. Исто така вредно е да се напомене дека е ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се плаќа за здравствено ДРЖАВНО осигурување. Гордо и патриотски ќе ја бранам нашата света држава за нејзината ажурност за поставување на каналицаија дури во 18 посто од територијата на државава. Достоинствено и со исправена глава треба да се излеле пред светот и да се каже дека сме успеале да напикаме 300 000 луѓе во администрација од можни работоспособни 1 милион. Врвот на патриотизмот и она кога особено станав горд беше периодот од 2008 до 2016 година. Му покажавме на светот како се сака и брани една држава. Успеавме да вратиме еден процес од минатото наречен барок и да го вментнеме во денешни усолви ја направивме Македонија универзална во историски поглед. Исто така интересно е дека во тоа време (2008-2016) државата ни ја водеа Пајноците, Александар Македонски, Цар Самоил ,Тодор Петров, Гоце Делчев итн. И да горд сум на тоа што во овој период испливаа лицата на предавниците , предавниците кои сакаа да ја уништат библиската држава притоа укажувајќи на загаденост на воздухот (први во свет официјално) , понатаму предавниците кои укажуваа на законото за високо образование односно екстерното тестирање, предавниците кои бараа правда за убиството на младо момче. И овие предавници останаа во државава од внатре да ја срушат (Ристо Никовски) а патриотите отидоа од надвор да ја бранат. Особено горд сум на посетата на нашиот премиер кај неговиот побратим во Будимпешта. Врвот на патриотизмот и гордоста беше обидот за скротување на предавниците во собранието во 2017 година, и најинтересно предавникот кои што ја доби власта после обидот за негово скротување ги остави патриотие на слобода дел во Скопје , и најголемиот дел во Будимпешта. Горд сум на дизелашот која што успеа во рекордно време да си ја вработи цела фамилија во администрација. Но да не биде дека само државата е заслужна , свој придонес има и македонецот, па така според изработена анализа горд сум на тоа што 8 од 10 деца се воспитуваат со методот на тепање, горд сум на тоа што на протест за НАЈЗАГАДЕН ВОЗДУХ во светот кои што секојдневно го дишеме излегуваат дури 500 луѓе( инаку се умира од тој воздух, ама нас ќе не брани духовниот оклоп на Александар Македонски , мечот на Самоил и пушката на Делчев). Горд сум на тоа што клиентелизмот го има достигнато највисокио стадиум па така : „ еден ден кога чекав во ред во маркет на каса , господинот зад мене кој инаку беше последен во редот , го прескокна цел ред само затоа што ја знаеше касиерката. Навистина има плеада на примери од кои што црпам инспирација за да бидам горд.
И сега прашањето е зошто и јас да не бидам патриота од странство. Одговорот е следен Човекот е скроен онаков во себе да има и емоции, чувства кон други живи и неживи суштества. Личноста е исто така е социјално битие кое што општи со други луѓе за да може да опстане притоа крерирајќи некакви врски од кои што се станува зависен од нив и тешко е да се напуштат истите. Овие емоции , врзаноста за дома (и дете бегалец од Сирија се ја бара домата) не дозволуваат толку лесно да се биде патриота од странство.
Патриоти не се оние кои со легенди , митови и вистинснки личности од славното минато
ја градат сегашноста. Вистински патриоти се оние кои ја прават сегашноста по достоинствена за живеење а воедно и подобра иднина. Ние живееме сега и треба да мислиме да оставиме подобра иднина, а да го искорситиме минатото како поука што не треба да правиме бидејќи во нашата историја речиси и да НЕМА што треба да правиме.

Игор Киприновски
Дипломиран Политолог
Дипломиран Политолог
Comments
Post a Comment