Америнкански природни права

         Америнкански природни права


Американскиот народ , или онака како што
милуваат американците да кажат „поединците“ природните права или правата дадени од бог, кои што никој не смее да им ги одземе или повреди се правото на живот , правото на слобода и правото на сопственост, надополнети со маестралното дело на Џон Лок „Писмо за толеранцијата“ кое што одлично се вклопува во замислата за разбирањето на природните права, односно укажува на тоа дека без разлика на нашите физички, религиозни, етнички и останати различности ќе имаме еднаков почеток, но не и еднаков аутфит бидејќи изедначувањето на аутфитот од страна на државата, во суштина значи одземање на сопственоста и нејзино делегеирање кон одреден друг индивудалец или група на луѓе. Секое присвојување на дел од овие права без разлика потоа дали ќе бидат делегирани за добра или лоша цел,
американскиот народ ја смета за повреда на природните права, бидејќи е насилно земена и без нивна консултација и одобрување, а вооедно со прсивојувањето се повредува правото на сопственост и на слобода.
Сите народи при потпишвањето на општествениот договор за формирање на држава , се отакжуваат од дел од своите природни права притоа давајќи и ги на државата која што во замена ќе ја гарантира безбедноста на оиве права. Но америкнаскиот народ тоа поинаку го има сфатено, и поинаку реагира на тоа. Амерканицте знаат дека ниту најспремната држава на светот неможе во секој момент (24 саати во денот, 7 дена во неделата) да ги гарантира и обезбеди овие права, ниту најспремната полиција , ниту најспремната војска. Затоа во моментите кога државата не е во позиција да ги заштити овие права тогаш поединецот има право да си ги заштити своите природни права доколку тие се повредени.
Оригинален пример за тоа е дозволувата за посед и употреба на оружје : Во случај кога на некого ќе му се заканува лишување од природните права , а притоа државата да неможе навреме да интервернира, тогаш индивидуата има право да си ги одбрани , да ги заштити  своите природни права. Притоа водејќи се од девизата „А кој го поседува правото да одлучува за моите природни права ?“.
Впрочем американскиот народ, од славните денови на револуцијата за независност  па се до ден денеска се бори за се поголема слобода, дури и ден денеска во САД се сретунваат големи групи на луѓе кои што веруваат дека сеуште ја немаат достигнато апослутната слобода и сеуште се борат за нејзе (со што ги прави најголеми , најинспиратнивни борци за слобода) , притоа опемнувајќи ја државната администрација во секој нејзин потег со кој се повредува нечие природно право, и исто така ја потсетува државата на мислата на големиот Томас Џеферсон „The tree of liberty must be refreshed from time to time with the blood of patriots and tyrants“ – секако не мислејќи на буквално крвопролевање туку на суштитанта , која што укажува на тоа дека слободата апсолутно припаѓа на поединецот , и само тој е одговорен за сопствената слобода , притоа користејќи ја слободата на рационален начин , со тоа што нема да задира во слободата на другиот поединец.
Американскиот народ за разлика од западноевропскиот народ , поимот на слобода во однос на економскиот аспект го толкува со многу поголема рационалност и вели вака “на слободата не смее да се гледа на категорија со дупли стандарди, доколку се дозволуваат : слободата на говор, слободата на изразување, слобода на сексуална определба итн.Тогаш мора на поединците  да им се дозволи и комплетна слобода да располагаат со еконмоскиот профит.“ За разлика од западноевропскиот народ кој вели дека дел од тој профит треба да биде отуѓен од индивидуата во корист на државата заради солидарност кон оние што се во пониските слоеви.
Да разјасниме солидаронста била , е , и ќе биде во рацете на поединецот , впрочем индивидуалецот секогаш бил многу посолидарен одколку државата, бидејќи човекот е социјална личност ,а солидарноста е негова карактеристика,  тоа се гледа од секојденвни примери до историски движења, само ќе наведам еден кус личен пример : На летот од Чикаго до Истанбул, имаше патник на кој што му се слоши, авионскиот екипаж на разглас повика доколку има некој доктор да му помонге, се јавија тројца доктори кои што му помогнаа на патникот и го следеа во текот на целиот лет, со ова сакам да прикажам дека ниту државата, ниту авионскат компанија, ниту пак некоја финансиска мотивација беа причина за докторите да се почуствуаат дека треба да делуваат и да помогнат.

Имаме уште многу да учиме да американската цивлизација за начинот на толкување и вреднување на приордните права, и да стигне до онаа максима „Кога веќе еднаш ќе ја достигнеме апсолутната слобода , нема повеќе да ја изгубиме“.




                                                                                                                        Игор Киприновски
                                                                                                                        Дипломиран Политолог


Comments

Popular posts from this blog

Републикански камбек - но без Трамп !

Државен испит за студентите или филм за оскар

Македонска патриотска „гордост“