Posts

Државен испит за студентите или филм за оскар

                   Државен испит за студентите или филм за оскар Еве, моментално лежам во кревет со лап топот, слушам од надвор некој вресоци, свирежи па излегов на прозор, онака, да видам што се случува (она македонското, да фаќам сеир де). Гледам река од студенти кои се охрабриле да протестираат. Млади луѓе со индекси во рака си ги бараат правата, всушност бараат едно право, да се отфрли предлог законот за полагање на државен испит, а не повеќе, но добро ветерот се посилно дуваше така што ја расчисти долгогодишната магла, а се надевам на крајот сосема ќе ја снема, добро е, има надеж. Па си велам зошто кога имаме успешна државна матура, екстерно тестирање, во средно образование, да нема и државен испит за студентите, впрочем присетувајќи се кога полагав државна матура. Професорот едно време заборави дека е тестатор (ноќен чувар) па си придрема на клупата, туку едно време се разбуди па застан...

Каде беше цивилното општество и каде оди ? - прв дел

Каде беше цивилното општество и каде оди ?   прв дел Катастрофалните политики во однос на цивилното општество од пред 50 години уште се чуствуваат и ќе се чуствуваат во наредните декади. Самиот термин цивилно општество асоцира на луѓе кои се цивилизирани , кои што се општествено, социјално , индивидуално прониканти. Лесно е да се создаде граѓанско општество, кога тоа е создадено од оние кои што го имаат папирот граѓани на одредена земја па тука влегува и монструмот Брејвик, и тој е дел од граѓанското општество во Норвешка. Тешкотијата се состои во тоа да се создаде општество , во чиј центар се наоѓа напредната цивилизација како стожер на заедницата која ја склучиле луѓето во меѓусебен преќутен договор. Граѓанското општество кое преовладува во бившите социјалистички држави било комплетно уништено , а за негова реобнова и премни кон цивилно општество ќе помине долг период. Вината секако неможе да се препише целосно на самите луѓе бидејќи после долгогодишните војни конечно сакал...