Кој, каде и зошто ќе победи на претседателските избори во САД

 

Кој, каде и зошто ќе победи на претседателските избори во САД

 

За неколку дена Соединетите Американски Држави ќе го добијат својот нов претседател на 59 претседателски избори во САД. Битката повторно ќе ја водат старите традиционални партии во САД односно кандидатот на републиканската партија - сегашниот претседател на САД  Доналд Трамп и кандидатот на  демократската партија односно поранешниот потпретседател на САД Џо Бајден. Пред да преминам на анализата за сегашните избори , убаво е накратко да се објасни начинот на кои што се избира претседателот на САД. Претседателот на САД го избираат граѓаните на индиректен начин. Тие својт глас го даваат на електорите кои потоа во нивно име го бираат претседателот на САД. Граѓаните на САД гласаат вкупно за 538 електори, а победник на изборите е оној кадидат кој ќе добие најмалку 270 гласа од електорите (еден електор = еден глас). Секоја сојузна држава носи различен број на електори во зависност од популацијата на сојзуната држава па така на пример Калифорнија носи 55 електори, Флордиа носи 29 електори, Тексас носи 38 електори итн. Интересно и специфично за овој начин на гласање е тоа што макар победа со еден глас разлика во било која сојзуна држава, со себе ги зема сите електори предвидени во сојзуната држава. На пример во Калифорнија и да победите со 1 глас разлика и да победите со 5 милиони гласови разлика и во двата случаи ги добивате сите 55 електори на ваша страна. Овој начин на гласање се користи само за претседателските избори , додека пак кога се бираат претставничкиот дом и сенатот начинот на избирање е поинаков и е пропорционален(во друга прилика за изборот на сенатот и претставничикиот дом). Секоја сојзуна држава носи различен број на електори почнувајќи од Дистрик оф Колумбија која носи најмалку односно 3 електори и Калифорнија која носи најмногу електори односно 55.  Интересно е тоа што Претседател на САД може да стане кандидат кој што победил само во 12 сојзуни држави вклучувајќи ги оние кои што носат најмногу електори. Така што претседател на САД може да се стане дури и ако се загубат изборите во апсолутен број на гласови, како што беше случај во 2016 година кога тогашаниот канидат а сегашниот претседател Доналд Трамп ги загуби изборите со разлика од речиси 3 милиони гласови од противкандиатот односно поранешната сенаторка и генерална секретарка на САД – Хилари Клинтон. Но распоредот на гласовите  беше во полза на Доналд Трамп, односно Трамп победи во државите што носат голем број електори со мала разлика, а загуби со голема разлика во држави кои што носат помал број на електори. Интересно е да се напомене дека електорите може и да не го дадат гласот за кандидатот за кој добиле мандат за да гласаат. На пример доколку демократската партија односно Џо Бајден победи во Калифорнија тие добиваат 55 електори од демократската партија кои биле номинирани во Калифорнјиа, но овие 55 електори може слободно да го дадат гласот и за друг кандиат , на пример својот глас може да го дадат за Доналд Трамп или за друг кандидат иако гласовите од граѓаните биле наменети за поддршка на кандидатот на Демократите (во реалност ова ретко се случува).
Обично американците велат дека државите со голем број на електори ги носат и победите што е и точно, но да не заборавиме дека и мали држави знаеле да изиграат клучна улога на изборите, како на изборите во 2000 година кога Џорџ Буш (помладиот) го победи поранешниот потпретседател на САД Ал Гор. Џорџ Буш тогаш победи во 30 држави кои што носат помал број на електори , додека пак Ал Гор победи во држави кои што носат голем број на електори. На крајот Џорџ Буш доби поддршка од 271 глас а Ал Гор од 266, благодарејќи на малите држави Буш стана претседател на САД.

Да преминам на овогодинешните избори во САД. Трката ја водат поранешниот потпретседател на САД Џозеф Робиден „Џо“ Бајден и сегашниот претседател Доналд Џон Трамп. Анкетите и анализите покажуваат водство на Џо Бајден пред Доналд Трамп во повеќе сојузни држави и укажуваат на тоа дека Џо Бајден има далеку поголеми шанси да биде новиот – 46 ти претседател на САД. На овие избори ќе биде интересно тоа што 8 сојзуни држави ќе бидат одлучувачки за изборот на новиот претседател на САД. Сигурна победа на Републиканците се очекува во следниве сојузни држави
: Алабама, Аљаска, Аркансаз, Ајдахо, Индијанаполис, Канзас, Кентаки, Луизијана, Мисисипи, Мизури, Монтана, Небраска (поделена е на 4 дистрикта , очекувана е победа во 3 од 4 дистрикти), Северна Дакота, Оклахома, Јужна Каролина, Јужна Дакота, Тенеси , Тексас, Јута, Западна Вирџинија , Меин ( поделен е на 3 дистрикта се очекува победа во 1 дистрикт) и Вајоминг. Со што вкупно се стигнува до бројката од 164 електори
Сигурна победа на Демократите се очекува во следниве сојзуни држави
: Калифорнија, Колорадо, Конектикат, Делавер, Дистрикт оф Колумбија, Хаваи, Илиноис, Меин (поделен е на 3 дистрикта, се очекува победа во сите 2 од трите дистрикта), Мериленд , Масечусест, Мичиген, Минесота, Небраска (само во вториот дистрикт), Невада , Њу Хемпшир, Њу Џерси, Њу Јорк, Њу Мексико, Орегон , Роуд Ајсланд, Вермонт, Вирџинија, Вашингтон. Со што вкупно се стигнува до бројката од 249 електори.
Осумте сојузни држави каде што резултатите ќе бидат тесни и кои што ќе бидат одлучувачки се
: Аризона (11 електори), Флордиа (29 електори), Џорџија (16 електори) , Ајова (6 електори), Северна Каролина (15 електори), Охајо(18 електори) , Висконсин(10 електори) и Пенсилванија(20 електори).
Во 2016 та година претседателот Доналд Трамп победи во сите овие 8 држави плус Мичиген (моментално демократите имаат стабилно водство во Мичиген). Така што благодарејќи на тесната победа во сите овие сојузни држави му го донесе и претседателскиот мандат.

Да започнам со анализа
5 од овие 8 држави кои носат најмногу електори.

Флорида – Интересно за Флорида е тоа што од 1964 година па наваму оној кој то победил во Флорида потоа станал и претседател на САД , со исклучок во 1992 година кога Бил Клинтон загубил во Флорида од Џорџ Буш (постариот) , а потоа станал претседател на САД. Претседателот Трамп во 2016 година победи во Флорида со 1.2 % , а еден циклус претходно во 2012 година Претседателот Обама го победи противканидатот Мит Ромни со 0.80%. Флорида од секогаш била она што американците го нарекуваат
swing state или држава која што одлучува со многу тесна разлика. Иако сегашните анкети покажуваат водство на Џо Баједн во Флордиа , не смее да се отпишува ниту Доналд Трамп, бидејќи само за потсетување во 2018 година, републиканскиот кандидат за гувернер на Флорида , Рон Де Сантис го победи противкандидатот од демократксата партија, разликата беше повторно исклучително мала околу 0.5%.  Флорида и овој пат ќе биде една од државите која ќе одлучува, моја прогноза е дека нов претседател на САД ќе биде Џо Бајден а со самото тоа и традицијата на оној кој е претседател по дифолт значи и дека победил во Флорида.

Џорџија – Џорџија е исклучително интересна држава поради составот на население
. Демократите последен пат имаат победено во Џорџија во 1992 година. Во последните две  декади во Џорџија бројот на афро американско население е значително зголемен, со што и бројот на гласови за Демократите односно Џо Баједн се очекува да биде зголемен, не заради тоа што афро американците имаат симпатии кон Џо Бајден, туку заради тоа што претседателот Трамп има низок рејтинг кај афро американците. Така што во овој случај афро американците од сојузната држава Џорија би гласале против Трамп, а не за поддршка на Бајден. Но мора да се земе и предвид и фактот дека на изборите во 2008та година и 2012та година првиот афро американски претседател Барак Обама не успеа да победи на изборите во Џорџија. Моја прогноза е дека повторно Републиканците односно Доналд Трамп ќе ја однесе победата во Џорџија, пред се благодарејќи на стабилното републиканско гласачко тело во Џорџија.

Охајо – Охајо е држава каде што претседателот Трамп во 2016 година победи со половина милион гласови разлика, а на изборите во 2018та година на изборите за претставнички дом републиканците ја задржаа разликата од 12 наспроти 4.
 Во Охајо буквално според сите анкети се води мртва трка , можно е неколку стотици гласови да го одлучат победникот во Охајо. Она што им дава шанса и надеж на демократите дека можат да победат во Охајо е тоа што и на изборите во 2012 и на изборите во 2008 тогашаниот кандидат и поранешен претседател Барак Обама успеал да победи, така што и без разлика на убедливиот пораз на изборите во 2016 та година а подцона и поразот на изборите во 2018 та година, демократите имаат шанса повторно да победат во Охајо. Ќе биде навистина мртва трка во Охајо, проценка е навистина тешко да се даде поради разновидноста на политички групи во Охајо. Можеби навистана блага ама навистина блага предност им давам на Републиканците во оваа сојзуна држава

Пенсилванија – Пенсилванија е една од државите каде што никој не очекуваше дека Доналд Трамп ќе успее да победи во 2016 година, победата на Трамп во Пенсилванија беше едно од најголемите изненадувања во 2016 година. Но денеска е поразлично, анкетите говорат за мала но стабилна предност на Џо Бајден во Пенсилванија, а тоа се потврдува и со резултатие од 2018 година за претставнички дом , каде што демократите победија со половина милион гласови разлика.
Судејќи по овие бројки моја проценка е дека демократите ќе ја однесат победата во Пенсилванија.

Северна Каролина – Во Северна Каролина исто така се очекува да биде исклучително тесно, во овој момент анкетите му даваат блага предност на Џо Бајден. Изборите во 2018 година покажаа дека Републиканците сеуште ја имаат под контрола Северна Каролина, памет Северна Каролина и во последните неколку изборни циклуси со исклучок во 2008 година кога Барак Обама победи со само 14 000 гласови разлика, била секогаш Републиканска држава. Предност минимална за победа во Северна Каролина според мене имаат републиканците и претседателот Трамп.

Аризона, Винсконсин и Ајова се очекуваат да бидат она што кај американците популарно се нарекува
flip држави, однсоно држави во кој победникот ќе биде различен од претходните избори. Односно во 2016 година во овие држави победи Доналд Трамп , а сега се очекува сигурна победа на Џо Бајден во Аризона и Винсконсин , а во Ајова повторно му се дава блага предност на Џо Бајден.

Да дојдам до заклучокот, навистина исклучително тешко ќе биде Доналд Трамп да остане претседател на САД уште 4 години, пред се заради почетната позиција од која што тргнува тој, и од која што тргнува неговиот против кандидат Џо Бајден. Трамп тргнува од позиција на „сигурни“ 164 електори, додека пак Џо Бајден тргнува од позиција на „сигурни“ 249 електори. Така што за Доналд Трамп повторно да стане претседателна САД ќе му треба победа во сите овие 8 држави кои ги набројав погоре, додека пак на Џо Бајден ќе му биде потребна победа само во една или две (во зависност од бројот на електори) држави. Анкетите и предвидувањата и за изборите во 2016 година беа слични, но да загубите на избори со речиси 3 милиони разлика а да станете претседател на САД, навистина ви е потребна голема среќа во правилно распределување на гласовие. Инаку интересно е да се напомене дека републиканците во пет наврати до сега изгубиле на изборите во апсолутен број на гласови, а нивниот кандидат станал претседател на САД благодарејќи на добро распределените број на гласови.

Да сумирам американците ги очекуваат интересни избори, на кои се освен победа на Џо Бајден би било повторно огромно изненадување.




Игор Киприновски
Дипломиран Политолог

Comments

Popular posts from this blog

Републикански камбек - но без Трамп !

Државен испит за студентите или филм за оскар

Македонска патриотска „гордост“